јапонскиот ски скокач влезе во историјата

Касаи е неверојатен, „лета“ на осми Олимписки Игри

Од 1992 година во Албервил до денес во Пјонгчанг, нема ЗОИ на кој не учествувал легендарниот Нориаки

објавено: 9 февруари 2018 - 17:40

Јапонскиот ски скокач Нориаки Касаи влезе во историјата на олимпискиот спорт. Легендарниот 45-годишен спортист, е дел од осмите Олимписки Игри, нешто што не му успеало на ниту еден друг спортист претходно. 

Својот прв настап на ЗОИ, Касаи го имаше во далечната 1992 година во Албервил. Не само што може да се пофали со настап на осум ЗОИ, Касаи во своите витрини има и медали. Во 1994 година во Лилехамер освои сребро, а на ЗОИ во Сочи пред четири години се закити со едно сребро и една бронза. 

Доколку освои медал во Пјонгчанг, има шанси да стане еден од најстарите освојувачи на медали. 

Најново во Други спортови