Кој е критериумот за да се биде дел од номинираните?

Кои се најдобрите, кога ги нема Антиќ и Лазаров?

Агенцијата за млади и спорт ги објави номинациите за најдобрите спортисти во 2017 година

објавено: 7 декември 2017 - 19:15

Агенцијата за Млади и Спорт ги објави номинациите за најдобрите спортисти во 2017 година. Веќе пишувавме за изборот и номинациите. Без разлика на сите кои се дел од номинираните, не може, а да не се забележи дека недостасуваат неколку врвни спортисти во своите области. 

Перо Антиќ стана европски клупски првак со екипата на Фенербахче, но го нема никаде во изборот. Истото важи и за Кирил Лазаров. Капитенот на ракометната репрезентација го предводеше националниот тим на светското првенство во Франција и беше најдобар стрелец. Овие двајца се врвни спортисти се врвни во европски рамки, но недоволно добри за да бидат дел од изборот на АМС. 

На листата за најдобри нема место ниту за Лина Ѓорческа. Најдобрата македонска тенисерка настапи во квалификациите на сите четири Гренд слем турнири. Во женска фудбалска конкуренција не можеме да се пофалиме со добар национален тим, но секако можеме со капитенот Наташа Андонова. Таа успеа да направи трансфер и да е дел од големата Барселона. 

Ракометниот стратег Илија Темелковски ги одведе младинците до шестото место на Светското првенство во Алжир. Многу, многу дилеми и прашања остануваат околу номинираните за најдобар спортист во 2017 година, во изборот на Агенцијата за млади и спорт. 

Останува да видиме кој ќе биде најдобар спортист во земјата за оваа година. 

Најново во Други спортови