КОГА ЌЕ ЗОВРЕАТ НЕРВИТЕ

Крв насекаде: И во рингот и на трибините (Видео)

Крис Еубанк направи чекор напред кон нападот на ВБА титулата во средна категорија, откако синоќа во Штутгарт го нокаутираше Турчинот Авди Јилдерим.

објавено: 8 октомври 2017 - 14:00

Вистински хаос се случуваше на борбата од БВА шампионатот, меѓу Крис Еубанк и Авди Јилдерим, во средна категорија. Еубанк брутално го нокаутираше турскиот боксер, во третата рунда и стигна до победата која го носи чекор напред кон нападот на ВБА титулата. 

За Еубанкова беше 20 нокаут во 26 борба, а има само еден пораз досега. 

Борбата во рингот имаше неочекувана и интересна увертира и тоа на трибините. Без некога поголема причина, во првите редови се степаа околу 50 луѓе, во преполната сала. Летаа столови и се што им доааѓаше при рака. Неколку луѓе завршија со крв на лицето и скршени раце, ребра..

Најново во Други спортови