НА ЕФЦ 75 СВЕТСКАТА ПРИРЕДБА ИЗМИНАТИОТ ВИКЕНД ВО КЕЈП ТАУН

ЛАКТ ОД ПЕКОЛОТ: Погледнете брутален нокаут од Јужна Африка! (ВИДЕО)

Домашниот борец Мзвандиле Хлонгва во пресметка во средна категорија против Торбјорн Мадсен го изведе можеби еден од „најлудите" нокаути оваа година.

објавено: 5 ноември 2018 - 18:00

После само една минута борба на ЕФЦ 75 Светската приредба што се одржа во Кејп Таун (Јужна Африка), „Shakebone" како што го нарекуваат Хлонгва прво удри со десна, а потоа го нокаутираше својот противник со убиствен „спининг бек" лакт.

Но, тука не беше крајот, својот „хелбоу" го проследи си уште два брзи удари и како свеќа падна Норвежанецот на подот.

Јужноафриканецот на крајот триумфираше со нокаут после 1:11 во првата рунда и го подобри својот професионален скор на 3-1-1.

Најново во Други спортови