НЕ Е ВО ПОСАКУВАНАТА ФОРМА ВО ПЕТАТА ДЕЦЕНИЈА ОД ЖИВОТОТ

Легендарниот боксер оди во пензија

Владимир Кличко има 41 година и се поблиску е крајот на неговата профи кариера

објавено: 14 јули 2017 - 19:35

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Владимир Кличко полека но сигурно го гледа крајот на блескавата кариера. Тоа го изјави самиот боксер, за време на една свеченост на неговата благотворна организација. 

Пензионирањето на 41-годишниот боксер најверојатно ќе биде на крајот на оваа или почетокот на следната година. 

„Последниот меч против Ентони Џошуа не беше толку многу успешен, но мора да се навикнеш и на такви моменти во кариерата. Не секогаш во животот се случува така како што ќе посакаш. Најважно е од лошото да извлечеш поука. Јас сум таков тип на човек“, вели Кличко.

Украинецот сепак не заборави да потенцира колку години има. Тој откри дека уште сега размислува за тоа што би работел по крајот на кариерата.

„Веќе имам 41 година и размислувам каква кариера да изградам по боксот. Мислам целосно да се повлечам од боксот и не сакам да живеам од старата слава и од спомените на блескавата кариера. Јас секога се движам напред. Секогаш треба да работиш и да имаш мотив да направиш нешто“, рече Кличко. 

Најново во Други спортови