АМЕРИКАНЕЦОТ реши дека е доста

Легендарниот скијач оди во пензија

Боде Милер на 40 години објави дека повеќе нема да се натреварува

објавено: 31 октомври 2017 - 20:02

„Готово е. Имав долга скијачка кариера, но веќе немам предизвик“, рече американскиот скијач Боде Милер, кој денеска и фоицијално реши да стави крај од одличната кариера. 

Милер оди во пензија на 40 години. Дебитираше на Олимписките игри во 1998 година во Нагано, што значи дека речиси две децении беше во врвниот спорт. 

„Долго време размислував за тоа. Кога ќе ги погледнам децата и мојот живот, немам веќе мотивација, ниту пак желба, да продолжам. Не сакав веќе да ги запоставувам другите работи“, рече Милер, кој додаде дека нема ништо да му недостасува од натпреварувањето.  

Во кариерата, Милер освои многу медали од големите натпреварувања. на Олимписките игри има две сребрени медали од Солт Лејк сити во 2002 година, Потоа злато, сребро и бронза од ИО 2010 во Ванкувер, како и бронза од Сочи во 2014 година, кога стана најстар скијач кој освоил медал на ОИ во алпското скијање. 

Најново во Други спортови