НАЈДОБРАТА СКИЈАЧКА НЕ ОТСТАПУВА

Линдзи Вон моли да се натпреварува против мажи

За нејзиното барање ќе се решава утре и задутре на состанокот на ФИС 

објавено: 2 октомври 2017 - 20:22

Олимписката шампионка од Ванкувер, Линдзи Вон повторно даде молба до Меѓународната скијачка федерација да и биде дозволено да се натпреварува против мажи. Најдобрата скијачка сака да биде на списокот на скијачи кои ќе учествуваат во Лејк Луиз, на крајот на октомври.

„Сакам да го направам тоа за мене. Ако можам да тренирам со мажи, зошто да не можам да се натпреварувам со нив? Имам победено на многу трки во женска конкуренција и сега сакам да имам нов предизвик. Сакам да возам со мажите и да видам до каде е мојот максимум“, рече Вон. 

Од ФИС најавија дека ќе ја разгледуваат молбата на Вон и ќе реши на состанокот кој ќе го има на 3 или 4 октомври во Цирих. Ако добие „зелено светло“, Вон ќе биде дел од мажите на Светскиот куп. 

 

Најново во Други спортови