Изненадувачи резултати

Мајер и Хансдотер со олимписки злата во Супер-џи и слалом

Австриецот Матијас Мајер и шведската скијачка Фрида Хансдотер ги освоија златните медали во Супер-џи и во слалом на Зимските олимписки Игри во Пјонгчанг

објавено: 16 февруари 2018 - 10:33

Австриецот Матијас Мајер и шведската скијачка Фрида Хансдотер ги освоија златните медали во Супер-џи и во слалом на Зимските олимписки Игри во Пјонгчанг.

Мајер со време од 1:24.44 минути ја прекина неверојатната доминација на норвешките скијачи на Олимписките игри во Супер-џи која трае од 2002 година од Солт Лејк сити. 

Сребрениот медал го освои Швајцарецот Беат Фојц кој заостана 0,13 секунди. За швајцарскиот скијач ова е втор медал на Игрите во Пјонгчанг, и второт сребро по спустот, вчера.

Бранителот на шампионската круна од претходните ЗОИ, Норвежанецот Кјетил Јансруд ја освои бронзата со заостанување од 0,18 секунди зад победникот. За него ова е петти олимписки медал и втор во Пјонгчанг, откако вчера освои бронза во спустот.

Фрида Хансдотер приреди вистинска сензација со златниот медал во слалом. Швеѓанката беше најбрза со време од 1:38.63 минути, пред Швајцарката Венди Холденер која беше водечка по првата трка. Бронзата и припадна на Австријката Катарина Галхубер.

Микаела Шифрин не само што не успеа да го одбрани златото од претходните Игри, туку остана и без медал освојувајќи го четвртото место. 

Најново во Други спортови