ТРИУМФ ВО СРЦ КАЛЕ ВО КОНТРОЛНИОТ МЕЧ ПРОТИВ АЛБАНИЈА (3-2)

Македонските одбојкари имаа успешен тест пред квалификациите за ЕП!

Македонските репрезентативци вечерва одиграа пријателски натпревар против репрезентацијата на Албанија.

објавено: 10 август 2018 - 22:24

Во Спортски Рекреативниот Центар „Кале" во Скопје нашите најдобри одбојкари со конечен резултат 3:2 триумфираа над противникот. Ова беше единствената официјална контролна средба пред почетокот на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2019. година.

Македонија ќе се обиде да обезбеди настап на континенталниот собир преку групата Ф каде што ривали ги има селекциите на Унгарија, Украина и Швајцарија. За остварување на целта ќе биде потребно да се заврши на првото место или, пак, како најдобра втора во комплетните квалификации да дојде до евро-билет.

Циклусот за нашите одбојкари ќе стартува на 15 август во Будимпешта против Унгарија.

Најново во Други спортови