УШТЕ ЕДЕН ПОРАЗ ВО ГРУПАТА Ц

Македонските одбојкари совладани и од Шпанија

Уште еднаш надиграна акедонската машка одбојкарска репрезентација на Медитеранските игри во Тарагона.

објавено: 23 јуни 2018 - 20:45

Нашите одбојкари денеска во својот втор натпревар од групата Ц максимално со резултат 3:0 беа совладани од домаќинот Шпанија.

Црвената „фурија" доминираше особено во првите два сета освојувајќи ги со 25:16 и 25:14, а третиот беше нешто понеизвесен (25:22).

На табелата Шпанците водат со три бода и за првото место ќе игра в недела в понеделник против Египет кој е второпласиран со два, а последната позиција е резервирана за Македонија со еден бод.

Следен предизвик за „црвено-жолтите" ќе бидат квалификациите за пласман на Европското првенство, во август ги очекуваат мечеви со Унгарија, Швајцарија и Украина.

Најново во Други спортови