Сениорите и рекреативците со учество на Олимписки триатлон на Власинско езеро во Србија, а младите триатлонци во Пловдив на отвореното првенство во Бугарија.
На Власинско езеро - Олимписки триатлон, трета позиција за Стојан поповски, а прво место за Антонија Брезовска во апсолутна конкуренција.
Ветено - сторено за младите триатлонци на Триоги Рејсинг МКД. Не само што што покажаа заби, туку и се закитија со медали на Отвореното триатлон првенство во Пловдив.
Марио Брезовски го освои првото место, Бобан Јаневски со второ место во машка конкуренција на млади триатлонци и освоено второ место за Јана Ѓеорѓијевска, млади триатлонки.
Класификација во Олимписки триатлон, Македонски триатлонци: Поповски Стојан, Димовски Игор, Ивановски Маријан. Македонски Триатлонки: Брезовска Антонија, Ивана Герчакова, Елена Зисовска.