БУГАРИЌ И ЗАХОТИС СО ДУБЛ ТРОФЕЈОТ

Македонско-грчко славје на турнирот во Подгорица

Заврши меѓународниот турнир за натпреварувачи до 16. годишна возраст во машка и женска конкренција што се одржа во Подгорица (Црна Гора), „EMINENT PODGORICA OPEN 2018".

објавено: 6 август 2018 - 08:45

Кај момчињата македонскиот тенисер Берк Бугариќ како прв носител и учесникот од Грција, Филипоп Захотис, го освоија турнирот во двојки.

Во големото финале со резултат 2:1 (5:7, 6:2, 10:7) Бугариќ и Захотис ги совладаа третиот носител Фотиос Андреас Антониадис (Грција) и Леонардо Пасафиуме (Италија).

Претходно во првото коло беа слободни, во четвртфиналето славеа над Црногорците Павле Маркус и Вук Вукичевиќ (6.1, 7:6), а во полуфиналето убедливо со 6:3 и 6:2 ги елиминираа претставниците од Србија, четвртиот носител Урош Делиќ и Бојан Радоман.

Најново во Други спортови