КРАЈ НА СОРАБОТКАТА

Мареј продолжува без Лендл

Британскиот тенисер наскоро ќе се врати на теренот, но без својот тренер...

објавено: 18 ноември 2017 - 12:30

Енди Мареј се враќа на тениските терени, но со една голема промена. Во иднина покрај него нема да биде неговиот тренер Иван Лендл. Некогашниот број 1 и легендарниот чешки тенисер одлучија да стават крај на соработката.

„Благодарен сум му на Иван за сета негова помош и водството во текот на овие години. Направивме големи успеси и научив многу во една екипа"- потврди Британецот.

Зборови на благодарност дојдоа и од другата страна...

„Сакам Енди да тргне напред. Поминавме одлично време заедно и беше навистина забавно"- истакна Лендл.

Заедно со Лендл, британскиот тенисер освои злато на Олимписките игри во 2012 година, а една подоцна, го освои и Вимблдон.
Ја прекинаа соработката во март 2014 година, а повторно ја обновија во летото 2016.
Оваа година Мареј ја започна од првата позиција на АТП листата, но поради повреда предвреме ја заврши сезоната и во овој момент е на 16. место во вкупниот светски ранкинг.

 

Најново во Други спортови