НЕ ПРЕСТАНУВААТ ПРОВОКАЦИИТЕ ПРЕД НАЈГОЛЕМАТА БОРБА

Мекгрегор се закани на Мејведер: Ќе те мавам со цигли

Уште помалку од еден месец има до долгоочекуваната  борба на двајцата фајтери

објавено: 3 август 2017 - 13:40

Видот и тежината на ракавиците кои треба да ги носат е последната причина за нови провокации меѓу Длојд Мејведер и Конор Мекгрегор, пред нивната борба која треба да се оддржи на 26 август во Лас Вегас. Мејведер го прифати предизвикот на Мекгрегор, па Американецот ќе носи ракавици кои се полесни од тие кои вообичаени го носи. 

Наместо моделот „10оз“, Мејведер ќе носи помала големина и тоа „8оз“ ракавици, кои ги предложи Мекгрегор.

„Ајде ќе се бориме во 8оз ракавици. Тој може да се бори во кои сака ракавици, ама јас ќе ги носам 8оз. Што и да одбере тој, јас ќе се чиувствувам комотно. Подготвен сум да се прилагодам на се. Ајде на ММА и бокс навивачите да им приредиме борба каква што сакаат да видат“, рече Мејведер.

За разлика од американскиот боксер кој на спортски и културен начин ја објави својата одлука Мекгрегор повторно се огласи со својот препознатлив стил на навери и пониживање на противникот. 

„Одбери ги кои сакаш ракавици, мало човече. Јас ќе се борам во 4оз ракавици. Баш ми е гајле за големината на ракавиците. Ќе тргнам да те мавам со цигли. запамти го тоа“, рече Ирецот. 

 

Најново во Други спортови