Продолжуваат ненадејните смртни случаи на спортисти ширум светот. Откако починаа неколку фудбалери, потоа кошаркар во САД, синоќа лоши вести дојдоа и од велосипедистичката трка Париз-Рабикс. Младиот 23-годишен белгиски велосипедиста Мичел Гулаерс почина во болница, каде беше донесен откако падна на сред трка.
„Со неизмерна жал соопштуваме дека нашиот возач Мичел Гулаерс во 22:40 часот почина во болницата во Лил, во присуство на неговите најсакани“, стои во соопштението на неговиот тим Веранда Вилемс-Крелан.
Гулаерс падна на 110 километри од трката долга 257 километри. Лекарите го пронајдоа во несвест и веднаш му дадоа помош. Трката продолжи, а на крајот победи Питер Саган.