ВО МЕЧ ЗА ОДБРАНА ИЛИ ОСВОЈУВАЊЕ НА ТИТУЛА

Најбрзиот нокаут во историјата (Видео)

Золани Тете кој е ВБО првак во бантам категорија, го победи сонародникот Сибонис Гонја

објавено: 20 ноември 2017 - 14:57

Само 11 секунди траеше борбата меѓу двајцата јужноафрикански боксери, која требаше да го даде шампионот во ВБО бантам категоријата. Золани Тете го имаше приматот на привремен првак, а по борбата со Сибонис Гонја, го потврди шампионскиот појас. 

Само што почна борбата, по неполни 5 секунди, Тете го нокаутираше противникот, кој падна како комиран на патосот. Судијата почна да му брои, а откако виде дека нема шанси боксерот да стане, реши да ја прекине борбата, по само 11 секунди од стартот. 

Тете сега има скор од 26 победи и три порази, со вкупно 21 нокаути. 

Најново во Други спортови