дали е ова нормално?

Направија стадион од 109 милиони долари, ќе го употребат 4 пати, па ќе го срушат

Олимпискиот стадион во Пјонгчанг ќе биде за отворањето и затворањето на Зимските олимписки игри, како и за двете церемонии на отворање и затворање на параолимписките игри, кои ќе бидат во Јужна Кореја

објавено: 25 јануари 2018 - 21:00

Стартот на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг се наближува, а се појави еден интересен податок. Стадионот кој е направен специјално за да се одржат церемониите за отворањето и затворањето на Зимските олимписки игри, кои ќе бидат следниот месец во овој град во Јужна Кореја, ќе биде во употреба само четири пати.

Изградбата на стадионот вредеше 109 милиони долари, а ќе биде искористи само за двете церемонии на почетокот и на крајот од Игрите, како и за двете церемонии за Зимските параолимписки игри кои следуваат потоа. 

По завршување на овие Игри, најавено е дека стадионот кој собира 35.000 гледачи, ќе биде срушен. Ако е ова вистина, тоа значи дека едно собирње на стадионот всушност ќе чини повеќе од 25 милиони долари. Причина за рушењето на стадионот е тоа што тој е без кров, а температурите во Пјонгчанг во текот на годината се минусни. 

За време на церемониите на отворање и затворање на Игрите и параолимписките Игри, гледачите ќе мораат сами да се снајдат како ќе се загреат. Ако ова се случи, тоа ќе биде за прв пат во историјата нов стадион да биде направен специјално за Игрите, а веднаш потоа да биде и срушен. 

Најново во Други спортови