ХРВАТОТ ГО ОСВОИ ЛОНДОН

НОЛЕ ЌЕ ПОЧЕКА НА ТРОФЕЈ: Чилиќ блесна во Квинс! (Видео)

Денеска во големото финале во Квинс Марин Чилиќ со резултат 2:1 по сетови 7:5, 6:7 и 6:3 успеа да го совлада српскиот тенисер.

објавено: 24 јуни 2018 - 19:17

Популарниот Ноле веќе една година чека на нов трофеј, а овојпат после голема борба која траеше скоро три часа загуби од хрватскиот натпреварувач.

Во третиот сет не пропушти шанса да го „дотолчи" српскиот ас кој го имаше своето 99. финале во кариерата со сосега 68. освоени трофеи.

Чилиќ ја запиша втората победа во кариерата над Ѓоковиќ кој пак славеше 14 пати. Хрватот беше победник во Квинс и во 2012 год., а со оваа титула ја најави добрата форма пред настапот на „Вимблдон".

Најново во Други спортови