ОСТАНУВА САМО УШТЕ ШВЕДСКА

Албанија помина исто како и Азербејџан

Во дуелот со западниот сосед, селекцијата на Албанија, нашите одбојкари повторно славеа со идентичен резултат како и против Азербејџан. Односно 3-0 во сетови

објавено: 17 јуни 2017 - 22:38

Oдбојкарската селекција на Македонија ја забележа втората победа во групната фаза во Европската лига, Во дуелот со западниот сосед, селекцијата на Албанија, нашите одбојкари повторно славеа со идентичен резултат како и против Азербејџан. Односно 3-0 во сетови

Македонија - Албанија 3-0 (25-21, 25-16, 25-22)

Неизвесно, и релативно изедначено се играше во првиот сет, но на крајот излегоа како сигурни оние (25-21). Многу подобро и бес драматика го одигравме втоиот сет, за што сведоши и крајниот резучлтат (25-16). Сет во кој Македонија имаше и двоцифрена предност.

Најголем отпор гостите од Албанија пружија во третиот период, Имаа и водство по првиот технички тајм-аут, но нашпите одбојкари знаеја да се врататам, и да го добијат и тој со резулѕтат (25-22).

Со оваа победа селекцијата на Македонија е на првото место во групата „А“ со максимални шест бода, Шведска и Албанија сега се израмнети со ефект од една победа и еден пораз, додека последне е составот на Азербејџан кој денеска загуби од Шведска.

Нашите одбојкари утре во 19.30 часот во рамките од третото коло ќе се сретнат со репрезентацијата на Шведска.

Најново во Други спортови