СРЕДНИОТ БЛОКЕР НА ЦРВЕНО-ЖОЛТИТЕ ЗА ГОЛЕМИОТ УСПЕХ

Андонов: Пресуди преголемата желба за победа!

објавено: 9 јануари 2019 - 22:24

Македонија ќе игра на Европското првенство. „Спартанците" се најдоа во групата на најдобро второпласирани селекции и ќе можат да се подготвуваат за настап на континенталниот шампионат на есен. Од нашата група на ЕП патува и Украина. 

Пресреќен сум. Чувството е многу убаво. Точно дека бевме под притисок, но мислам дека пресудна беше преголема желба за убедлива победа. Влеговме во мечот со 100 отсто од силите и ете тоа ни се исполни", изјави Иван Андонов.


Момците го заслужија ова. Ни се наредија работите. Повеќе пати зборував дека квалификациите некогаш мора да се наредат и за нас и еве сега се случи тоа. Ние си го одработивме својот дел. Момците до пред почетокот ја гледаа Шведска, па Летонија, а потоа им реков да ги остават телефоните и да се посветат на овој натпревар. Не брилиравме меѓутоа игравме добро", ни изјави селекторот Никола Матијашевиќ.

Најново во Други спортови