Турците не успеаја да приредат подвиг

Белгород ја испразни банката на Зират - Русите го освоија ЦЕВ купот со нова победа против избраниците на Јошко Миленковски

Јошко Миленковски и неговитѕе одбојкари од Зират Банк беа блиску до подвиг и израмнување на финалната серија во ЦЕВ купот против Белгород, но прокоцкаа предност од 2:0 во сетови и загубија со 2:3 во реваншот, по што Русите ја освоија титулата

објавено: 10 април 2018 - 21:00

Јошко Миленковски и неговитѕе одбојкари од Зират Банк беа блиску до подвиг и израмнување на финалната серија во ЦЕВ купот против Белгород, но прокоцкаа предност од 2:0 во сетови и загубија со 2:3 во реваншот, по што Русите ја освоија титулата.

Во првиот меч Белгород славеше со 3:0, а вечерва Турците почнаа како во транс и поведоа со 2:0. И третиост сет беше драматичен, заврши во тај-брејк со 26:28 за рускиот тим, по што беше завршено финалето.

Ова е еден од најголемите успеси на Зират, под команда на нашиот стручњак Миленковски.

Најново во Други спортови