5. ИЗДАНИЕ НА ОДБОЈКАРСКА ДЕТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА ВО СКОПЈЕ

БВА КИДС ФЕСТИВАЛ: Децата од Балканот на плоштадот „Македонија“

Слоганот на фестивалот е „Одбери одбојка", а на истиот ќе настапат 18 пара од девет земји – членки на Балканската одбојкарска асоцијација

објавено: 11 јуни 2018 - 19:30

Одбојкарската федерација на Македонија в петок (15 јуни) ќе биде организатор на 5. издание на БВА Кисд фестивал – натпреварување кое е под капата на Балканската одбојкарска асоцијација.

Децата од девет земји – членки на БВА, односно 18 пара (момчиња и девојчиња од генерацијата 2005, односно 2006) од Македонија, Албанија, БиХ, Бугарија, Грција, Косово, Црна Гора, Србија и Турција ќе играат одбојка на плоштадот „Македонија" во Скопје, од 10 до 14 часот.

Слоганот на фестивалот е „Одбери одбојка", а целта на оваа акција е токму таа, децата како спорт да ја одберат одбојката и преку неа да се развијат во врвни спортисти и претставници на своите земји.

БВА Кидс фестивал ќе претставува и увертира за Ф4 турнирот во Сребрената Европска лига, на кој на 15 и 16 јуни, Македонија ќе биде организатор во СРЦ „Кале".

Најново во Други спортови