Потврда на одличната сезона за Македонецот

ЦАРУВАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА: Ѓоргиев со МВП награда во Јапонија

Најдобриот македонски одбојкар имаше неверојатна сезона зад себе со екипата на Торај а како потврда на сето тоа дојде и признанието за најдобар играч во јапонската лига

објавено: 24 март 2017 - 09:31

Никола Ѓоргиев ја доби наградата за најдобар играч на сезоната во Јапонија. Најдобриот македонски одбојкар, сега најдобар и во земјата на изгрејсонцето имаше неверојатна сезона со Торај, а ова признание дојде како потврда на сето тоа.

Минатиот викенд Нико ја подигна титулата со своите соиграчи додека претходно доминацијата беше најавена кога во декември беше освоен и трофејот во Царскиот куп.

Сето ова е најава за нова плодна година на нашиот најдобар одбојакр кој треба да не води низ Европската лига.

Најново во Други спортови