ПОЧНА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ПОЛСКА

Фантастична одбојка пред 65.000 гледачи

Неверојатна слика испрати организаторот на ЕП од Варшава. На стартот на шампионатот на националниот стадион во главниот прад на Полска беа присутни 65.000 одбојкарски фанови...

објавено: 25 август 2017 - 12:30

Каков почеток на Европскиот одбојкарски шампионат во Полска! 

Неверојатен, помалку и фудбалски, особено ако се земе в предвид идејата на организаторите на ЕП, првиот меч на првенството да се игра на националниот стадион во Варшава.

Скоро 65.000 одбојкарски фанови го исполнија до последното место. Но дома си заминаа натажени, затоа што нивните миленици беа поразени во дуелот со селекцијата на Србија.

„Орлите“ не се исплашија од оваа неверојатна атмосфера. Напротив, ги добија сите три сета, за максимални (3:0).

На вториот меч од оваа група Финска беше подобра од Естонија со (3:2), додека на средбите од групата „Ц“ кои се играат во Краков, Русија ја совлада Бугарија со мааксимален резултат, а Шпанија со идентични (3:0) славеше против Шпанија. 

Најново во Други спортови