ОДНОВО ГИ ОБЕДИНИЈА КРУНИТЕ

ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФ: Струмица шампионски, на 3-1 го запре Вардар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во четвртиот меч од серијата во Скопје, вардарци имаа предност од 2:1 во сетови, но бранителот на титулата се избори за комплетен пресврт и ја продолжи доминацијата на домашната сцена.

објавено: 8 мај 2018 - 18:13

ФОТО: Петр Стојановски

Струмица е ново-стар шампион во одбојкарското национално првенство. Избраниците на Кирил Ричлиев со 3:2 (21:25, 25:20, 22:25, 25:20, 15:11) дојдоа до третата победа над Вардар во финалната серија и ја продолжија доминацијата на домашната сцена.

„Црвено-црните" имаат и тоа за што да жалат. Не успеаја да ја искористат предноста од домашниот терен, како и водството од 2:1 во сетови и дозволија струмичани да се изборат за комплетен пресврт, кој беше фатален за нив со оглед на тоа дека останаа без шампионската титула.

Инаку со одбраната на титулата Струмица ги обедини круните, со оглед на тоа дека пред еден месец и се радуваше и на Куп-титулата.

Најново во Други спортови