СЕ РЕДАТ УСПЕСИ И ТИТУЛИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ОДБОЈКАР

Ѓоргиев игра царски во Јапонија

Никола Ѓоргиев ја слави двојната круна во Јапонија, откако со тимот на Тореј Ероуз ја освои и шампионската титула

објавено: 19 март 2017 - 10:54

Никола Ѓоргиев ја слави двојната круна во Јапонија, откако со тимот на Тореј Ероуз ја освои и шампионската титула. Со тоа македонскиот репрезентативец ја комплетираше најуспешна сезона во кариерата, бидејќи претходно му се радуваше и на пехарот во националниот куп на Јапонија.

Тимот на Тореј Ероуз ја доби финалната серија против Госеи со 2-0 во победи. Вториот меч Ѓорѓиев и соиграчите го добија со 3-1 во сетови. 

Ова е прва двојна круна за Тореј, а Ѓорѓиев по обичај беше меѓу најдобрите на теренот.

 

Најново во Други спортови