Најдобриот македонски одбојкар ја менува екипата

Ѓоргиев заврши со Торај ероус (ФОТО)

Нашиот најдобар одбојкар одлучи да не ја продолжи соработката со тимот кој успеа да го направи освојувач на двојната круна во Јапонија

објавено: 6 април 2017 - 16:05

Никола Ѓоргиев одлучи да не ја продолжи соработката со Торај Ероус.

Најдобриот македонски одбојкар кој имаше две фантастични сезони со овој тим, ќе си замине од екипата. Иако имаше понуда за останување, сепак, Нико одлучи да не ја прифати истата.

„До сите мои пријатели на Фејсбук кои ми праќаа поради прашувајќи ме каде ќе играм следната сезона. Сакам да ви кажам дека нема да играм за Торај ероус од наредната година. Ви благодарам многу за изминативе две години и сега да го освоиме Куровашики купот за перфектно збогување. Подготвен сум за новиот предизвик" напиша Ѓоргиев на Фејсбук.

Капитенот на Македонија, освојувајќи ја титулата во „В – Лигата" и Купот на Јапонија го предводеше Торај кон најголемиот успех во историјата на клубот.

Најново во Други спортови