Одбојкарот со први впечатоци по освоената титула

Ѓоргиев: Среќен и горд на успехот со Торај ероус

„Секако дека сум изморен, но, во исто време сум среќен и горд на успехот со Торај" изјави нашиот најдобар одбојкар

објавено: 20 март 2017 - 17:29

Никола Ѓоргиев со својата екипа Торај ероус ја освои шампионската титула во Јапонија, откако во финалната серија го победија Госеи во две добиени средби. Капитенот на нашата сениорска репрезентација одново блескаше за својот тим и беше меѓу најдобрите поединци на теренот.

„Иако сум многу уморен, истовремено се чувствувам среќно и гордо. Со освојувањето на шампионската титула, мисијата е исполнета" изјави Ѓоргиев.

Договорот на нашиот најдобар одбојкар со јапонскиот тим истекува за неколку неделни, но, според Нико нема време за брзање.

„За наредната сезона ќе мислам од следната недела. Сега сакам да уживам во ова победничко чувство, без стрес и притисок. Има време" се зборовите на капитенот на нашата селекција.

Изминатава сезона за Нико и Торај беше одлична. Покрај тоа што го подигнаа шампионскиот пехар во првенствоото на Јапонија, пред само неколку месеци беше освоен и царскиот куп.
Јапонците се задоволни од неговите игри и се надеваат дека соработката ќе биде продолжена.

Најново во Други спортови