ВТОРО ПОЛУФИНАЛЕ ОД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

Италија со драма преку Kина до финале!

Одбојкарките на Италија се пласираа во финалето на СП во Јапонија отако во еден мошне драматичен меч од полуфиналето, во пет сета, со (3:2) ја победија Кина.

објавено: 19 октомври 2018 - 13:36

Во еден прекрасен меч одигран во Јокохама, Италијанките можеа да слават многу порано. Затоа што во четврттиот сет пропуштија две меч-топки, а потоа, во оној одбојкарски тај-брејк, ја искористија шестата, за триумф од (3:2), или по сетови (25:18, 21:25, 25.16, 29:31, 17:15).

Претходно, одбојкарките на Србија ја совладаа Холандија со (3:1) во сетови, и за прв пат во својата историјата ќе играат во финалето на Светскиот шампионат.
Интересно е дека овие две екипи веќе се сретнаа во она групна фаза од шампионатот во Јапонија. А на тој натпревар од „фајнал-сикс" фазата, Италија го запиша единствениот пораз досега на првенството
Финалниот меч е закажан за сабота, од 12.20 часот по средноевропско време, додека нешто порано, од 10.40 часот е мечот за бронзениот медал во кој ќе играат Кина и Холандија.

Најново во Други спортови