Италија славеше со 3:0

Италија во четвртфинале, Миленковски и Турците пропуштија пет сет топки за почесен сет

Јошко Миленковски одлично ја предводеше Турција на Европското првенство во Полска, а поразот од Италија, вечерва значеше збогување од сонот за четвртфинале. Аѕурите беа подобри, славеа со 3:0 во сетови, иако Турција под команда на нашиот тренер и нивни селектор можеше да о0свои барем почесен сет

објавено: 30 август 2017 - 19:28

Јошко Миленковски одлично ја предводеше Турција на Европското првенство во Полска, а поразот од Италија, вечерва значеше збогување од сонот за четвртфинале. Аѕурите беа подобри, славеа со 3:0 во сетови, иако Турција под команда на нашиот тренер и нивни селектор можеше да о0свои барем почесен сет.

Првите два и припаднаа на Италија убедливо со 25:16 и 25:17, но во третиот сет Турција имаше дури пет сет топки и не успеа. Водеа со 24:21 и беа на само еден поен до намалување на 1:2 во сетови, а Италија сепак успеа да се извлече и да израмни. Се играше поен за поен, се до 30:29, кога Турците не организираа добар напад, што го искористи фаворитот за поен и сет со резултат 31:29 за конечни 3:0.

Најново во Други спортови