БИТКАТА ЗА ТИТУЛАТА И КАЈ ОДБОЈКАРКИТЕ ПРЕД РАЗВРСКА

Јанта Волеј на дофат до пехарот, води со 2:1 против Куманово

Скопскиот тим се избори за комплетен пресврт во финалната серија и откако стартуваше со пораз, сега води со 2-1 во победи во „плеј-офот“ и е пред шампионска промоција

објавено: 10 мај 2018 - 14:10

Јанта Волеј е пред шампионска промоција во одбојкарското женско првенство откако се избори за комплетен пресврт во финалната серија од „плеј-офот“ против Куманово.

Скопскиот тим стартуваше со пораз на гостински терен, но сега води со 2-1, откако славеше и во третиот меч во Куманово, 0:3 (26:28, 13:25, 27:29), а следниот натпревар го игра пред својата публика.

Дуелот е закажан за утре вечер (20 часот) и додека Јанта Волеј ита кон шампионската титула, Куманово ќе се обиде да остане во игра, односно со победа да се избори за „мајсторка“ и тоа на свој терен, за да се одлучи кој ќе биде новиот првак во женска конкуренција.

Најново во Други спортови