ПОСЛЕ ДВА ПОРАЗИ, КОНЕЧНО СЕ ВРАТИЈА ПОБЕДИТЕ (2-3)

МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА: Триумф над Швајцарија за враќање во мисијата „ЕП 2019“!

Македонската одбојкарска репрезентација ги продолжи натпреварите од квалификациите за пласман на Европското првенство 2019 со втората победа над Швајцарија во четвртото коло со 2:3 за нешто над два часа игра по сетови (21:25, 19:25, 25:16, 25:23, 12:15) во Шоненверд.

објавено: 25 август 2018 - 19:21

Избраниците на селекторот Матијашевиќ во групата Ф им беше потребен триумф за задржување на шансите пред последните два дуели кои ќе се играат во јануари следната година.

Математиките велеа дека било каква победа на Македонија ќе не одржува во игра за ЕП, додека пораз ќе ја остави само во теорија можноста за историски успех.

Првите два сета нашите најдобри репрезентавци кои имаа поддршка од трибините ги освоија со 21:25 и 19:25.

Во наредните два за израмнување доминираа швајцарските играчи со 25:16 и 25:23, па така победникот се одлучуваше во последниот петти сет. Интересен е податокот што веќе четврти меч по ред играме тај-брејк во овие евро-квалификации.

Одлично започна нашиот тим поведувајќи со 4:1, а при смена на страните со уште поголема позитива од 8:4, што беше најава конечно да дојдеме до нов триумф преку овој тај-брејк и овојпат концентрацијата дефинитивно беше на највисоко ниво не дозволувајќи им на ривалите да се вратат.

Никола Ѓоргиев и на овој дуел беше најрасположен, петти негов поен од напад во петтиот сет за 10:6. Швајцарија намали на 13:10, па следуваше првата меч топка за нас која ни ја скрати Рос.

Не ја искористивме и втората меч топка, резултататот на семафорот беше 14:12, но затоа Никола Ѓоргиев златниот човек донесе голема победа за конечни 2:3 и враќање на надежите за пласман на наредното Европско првенство.

Најефикасен беше Н. Ѓоргиев со 33 поени (31 од напад, два од блок), следен од Александар Љафтов со 17 поени (14 од напад, три од блок).

На табелата води Украина со осум бодови, пред Македонија со шест, следува Швајцарија четири, а последна е Унгарија (три).

Најново во Други спортови