ГОЛЕМИОТ МАЈСТОР ВО ТРКА ЗА ЕВРОПСКИ ТРОФЕЈ

Миленкоски и Зират банк во финалето на ЦЕВ (ВИДЕО)

Турскиот тим бeше подобар од италијанската Верона во двата полуфинални дуели, па во мечевите за титулата ќе се сретне со топ-фаворитот Белгород од Русија.

објавено: 21 март 2018 - 20:15

Јошко Миленкоски и неговиот тим Зират банк стигнаа до огромен успех. Ќе играат во финалето на одбојкарскиот ЦЕВ куп.

Во двата натпревари, оние полуфиналните излегоа како севкупни победници против италијанската Верона.
Откако на првиот меч, на свој терен победија со (3:1), во реванш-натпреварот, одигран пред гласната публика во Верона, ги издржаа сите напади. Освоија два сета, и повеќе од доволно да се изборат за место во големото финале.

Битка за титулата во која за противник го имаат составот на Белгород.
Руската екипа која во двата меча беше пресилна за полскиот Рзешов (два пати беше 3:0 во сетови)
Според календарот на ЦЕВ, на 3. април, Белгород ќе им биде домаќин на Миленкоски и неговата екипа. Седум дена подоцна, на 10. април е реванш-мечот во Турција.

Еве го победничкиот поен на гостите со кој израмнија на (2:2) во сетови, и повеќе од доволно да стигнат до финалето...

 

Најново во Други спортови