НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ СТРАТЕГ ОСТАВИ СВОЈ БЕЛЕГ ВО ПОЛСКА

МИЛЕНКОСКИ: Шансата да се игра на едно ЕП не се добива лесно

Со поразот во осминафиналето Јошко Миленкоски и Турција го завршија настапот на евро-собирот, а стратегот се враќа во Анкара каде ќе им се посвети на клупските обврски како нов тренер на Зират Банкаши, со кој го очекува настап во европскиот ЦЕВ куп.

објавено: 1 септември 2017 - 14:12

Најтрофејниот македонски стратег Јошко Миленкоски ги „собра" пофалните зборови од европските стратези и од Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) откако националниот тим на Турција (кој тој го предводи од почетокот на јануари годинава) се најде во осминафиналето на Европското првенство во Полска. Миленкоски и неговите избраници не успеаја да се најдат во следната фаза, откако претрпеа пораз од 3:0 од Италија во елиминациите, но самиот факт дека беа во такво друштво значеше многу.

Турција имаше импресивен настап во групната фаза (каде беше во конкуренција со Холандија, Белгија и Франција) што го стави во центарот на вниманието и Миленкоски.

„Сите не гледаа како аутсајдери и сметаа дека немаме шанса во групата. Моите играчи го докажаа спротивното. Она што е главно и што причинува задоволство беше да ги гледам како се борат за секој поен. Сакаа да си докажат на самите себе си дека се добар тим, кој ќе расте од натпревар во натпревар. Шансата да се игра на едно ЕП не се добива лесно затоа сакавме максимално да ја искористиме", потенцираше Миленкоски во интервјуто за ЦЕВ.

Тука Македонецот не застана со своите коментари...

Задоволен сум од сите мои играчи. Она што го презентираат во своите клубови во турската лига, сега сакаа да го покажат во репрезентацијата и да ја претстават својата земја пред Европа во што е можно подобро светло. Со пласманот во осминафиналето ние ја исполнивме нашата цел на ЕП, но секако дека ќе бевме уште посреќни ако се најдевме во продолжението."

 

Најново во Други спортови