ВЕЧЕРВА, ГРУПНА РАЗВРСКА НА ЕП ВО ОДБОЈКА

Миленковски преку „триколорите" бара место во историјата

Актуелниот европски шампион со тешка мака ја совлада Холандија и остана во игра за премин во следната фаза на шампионатот во Полска. Турците испуштија голема шанса против Белгија, па вечерва 20.30 часот ќе бијат битка за два бода кои водат кон останување на првенството...

објавено: 28 август 2017 - 14:30

Јошко Миленковски и селекцијата на Турција чиј селектор е, испуштија голема шанса по само два одиграни натпревари да обезбедат пласман во плеј-офот, па дури и директно место во четвртфиналето на ЕП во Полска.

Репрезентацијата на Белгија беше за нијанса подобра од Турција. Стигна до победа од (3:2), откако во „тај-брекот" имаа (18:16).

Резултат по кој Миленковски и неговите избраници ќе имаат ѓаволски тешка задача. Вечерва од 20.30 часот, да бидат подобри од актуелниот бранител на европската титула, селекцијата на Франција која во игра полна со пресврти, успеа да ја совлада Холандија со (3:2), и да ја елиминира од понатамошните натпревари.
Колку е изедначена оваа група на овој турнир, говори и тоа дека само еден меч досега од оние четири, не е завршен со резултат (3:2), или во помалку од пет сета.

Најново во Други спортови