ОДБОЈКАРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО НОВ ПРЕДВОДНИК

НОВ СЕЛЕКТОР: Никола Матијашевиќ ги превзема „спартанците“

Актуелниот стратег на француски Рен, 65-годишниот Србин ќе го води националниот тим во циклусот квалификации за Европското првенство 2019.

објавено: 18 јули 2018 - 11:35

Србинот Никола Матијашевиќ е нов селектор на машката одбојкарска репрезентација на Македонија. Актуелниот 65 – годишен стратег на француски Рен ќе го води националниот тим во циклусот квалификации за Европското првенство 2019.

„Никола Матијашевиќ е нов селектор на репрезентацијата. Договорено е тој да го води тимот во квалификацискиот циклус и се надеваме и на Европското првенство следната година" – потврди за СПОРТ претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски.

Матијашевиќ седнува на клупата на Македонија која остана празна по заминувањето на неговиот сонародник Љубомир Травица, кој беше дел од тимот, само за една акција – Сребрената Европска лига 2018. 

Новиот селектор на одбојкарите претходно ги има водено и репрезентациите на БиХ (2011), како и на Црна Гора (2013).

Репрезентацијата в петок, во Маврово ги започнува подготовките за квалификациите за ЕП 2019, во кои Македонија е дел од групата Ф, заедно со Украина, Швајцарија и Унгарија.

 

*Превземањето на информацијата без одобрување на „СПОРТ“ И „СПОРТМЕДИА“ ќе биде санкционирано според Законот.

Најново во Други спортови