Неубави сцени во Кичево

ОД ИГРАЧКА, ПЛАЧКА: Прекинат одбојкарски меч во Македонија

Дуелот од Првата лига меѓу Шутова и Лирија не го доживеа својот крај по одлуката на гостинските одбојкари самоиницијативно да го напуштат теренот, откако претходеше вербална расправија со главниот судија и противничкиот тим

објавено: 31 март 2017 - 21:06

Натпреварот меѓу Шутова и Лирија во рамките на 13. коло од домашниот одбојкарски шампионат не го доживеа своојот крај. Дуелот кој вечерва се одигра во Кичево беше прекинат во завршницата на првиот сет, односно при водство од 23:18 за домашниот тим, кој воедно е и актуелен првак.

По една неуспешна акција на Лирија, играчот со број 5, С. Ферати ја удри топката со нога, потег поради кој доби жолт картон. Потоа, истиот одбојкар се упати кон главниот судија на столот и брутално реагираше.

Потоа очекувано, следеше исклучување. Овој развој на настаните поттикна вербална расправија меѓу играчите, а предизвика гостинските одбојкари самоиницијативно да го напуштат натпреаварот. По тоа судиите Серафимовски и Јосифовски означија крај на натпреварот кој според сите прописи и правила се очекува да им припадне на домаќините со службен резултат од 3:0.

Најново во Други спортови