СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ ВО ТАРАГОНА

Oдбојкарите ја засрамија Македонија

Македонската одбојкарска репрезентација неславно го заврши своето учество на Медитеранските игри што се одржуваат во шпанската Тарагона.

објавено: 25 јуни 2018 - 18:22

Откако ги загубија двата меча протиц селекциите на Турција и Шпанија, а со тоа и шансите за пласман во четвртфиналето, македонските одбојкари, поради недисциплина и недолично однесување во кампусот во Тарагона, се казнети, па веќе утре или задутре ќе бидат вратени дома, јавува ТВ „Сител“.

Иако во Тарагона требало да останатдо до крајот на игрите, сепак поради,наводно, недоличното однесување кое траело во доцните вечерни часови (неофицијално до 3 часот наутро), реагирале организаторите, но и другите олимписки национални делегации присутни таму.

Тоа е е главната причина поради која, исто така неофицијално, Македонскиот Олимписки Комитет решил да ги санкционира одбојкарите и веќе утре или задутре (во зависност од авио конекциите) да ги врати во Скопје.

Очекуваме и официјален став од Македонскиот Олимписки Комитет за овој скандалозен момент во „режија“ на нашите најдобри одбојкари. 

 

Најново во Други спортови