ТРЕНЕРОТ ГО ИЗВЛЕЧЕ ПОДЕБЕЛИОТ КРАЈ...

ОДБОЈКАРСКО „ПАТОСИРАЊЕ“ - Подрашчанин го испружи Лоренцети (ВИДЕО)

Неверојатен старт на новата одбојкарска сезона на „чизмата".

објавено: 8 октомври 2017 - 22:00

Почеток одбележан со одигрување на натпреварите од Супер Купот на Италија. А во преден план дуелот во кој Перуџа беше подобра од Трентино, во четири сета (3:1).

Но многу повеќе од играта се чини дека ова полуфинале го одбележа српскиот интернационалец Марко Подрашчанин.
Во текот на првиот сет, високиот Србин силно ја смечуваше топката во полето на противникот. А од силината на ударот, таа го погоди во глава противничкиот тренер Анџело Лоренци, и го турна долу, на патосот...

Најново во Други спортови