УБЕДЛИВА ПОБЕДА ВО ПРВИОТ МЕЧ ОД ФИНАЛЕТО НА ЦЕВ КУПОТ

Русите пресилни за Миленкоски и Зират Банк

Екипата на Белгород со лесно 3:0 во сетови беше подобар од тимот кој од клупата го предводи македонскиот тренер

објавено: 3 април 2018 - 19:17

Јошко Миленкоски и неговиот тим Зират Банк немаа сили да се спротистават на Белгород, во првиот меч од финалето на ЦЕВ купот. Русите ја имаа улогата на фаворити, а тоа го потврдија и на теренот. Одлично започнаа, па првиот сет го добија со 25:13. 

Дека не планираат да сопрат во ритамот, одбојкарите на Белгород покажаа и во следните два сета, кои ги добија со убедливи 25:15 и 25:14. Ако се пресмета дека Зират Банк во текот на целиот меч освои само 42 поени, јасно е дека реваншот во ова финале на ЦЕВ Купот ќе биде само формалност.

Најново во Други спортови