ПОЗНАТИ ПРОТИВНИЦИТЕ ВО НОВИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ

Шанса за одмазда, Украина на патот на одбојкарите за ЕП 2019

Македонската одбојкарска репрезентација ги доби противниците за квалификациите за пласман на следното Европско првенство 2019 година. 

објавено: 12 октомври 2017 - 14:22

Македонската одбојкарска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за пласман на следното Европско првенство 2019 година. Нашиот национален тим е во групата Ф заедно со стариот должник Украина, репрезентацијата која во финалето на Европската лига им го урна сонот на “црвено-жолтите“ совладувајќи ги со 3-0. Покрај Украинците, одбојкарите сили ќе ги одмерат со Унгарија и Швајцарија.

За првпат во историјата, на ова Европско првенство ќе учествуваат 24 репрезентации, што пак е одлична шанса за Македонија во обидот да се најде на ова континентално натпреварување. Новина е што нема да се играат турнири во групите (по два, како што беше претходно), туку секоја репрезентација ќе игра еднаш дома и еднаш на гости со противниците во групата. 

Квалификациите тргнуваат на 15 август следната година кога се игра првото коло, а завршуваат на 9. јануари 2019 со шестото коло. 

Пласман на ЕП 2019 ќе изборат првопласираните селекции од седумте група, како и најдобрите пет второпласирани репрезентации.

 

Најново во Други спортови