ПРЕСРЕЌЕН СУМ ЗА МОИТЕ ДРУГАРИ И КОЛЕГИ

СИМОВСКИ: Историскиот успех нека биде комплетен и со некој медал!!

Ден за историја, Македонија првпат ќе игра на Европско првенство! Нашите одбојкари во „Кале" ја совладаа Унгарија со 3:0 (25:21, 25:20 и 25:21) и го освоија второто место во квалификациската група.

објавено: 9 јануари 2019 - 23:40

Со оглед дека Летонија го победи Израел со 3:1, а Шведска триумфираше над Азербејџан со 3:0, нашата селекција е во друштвото на пет најдобри второпласирани од седумте квалификациски групи, со што во септември ќе игра на еврошампионатот.

Ексклузивно за „СПОРТМЕДИА" говореше човекот кој исто така своевремено со овие храбри момци го делеа секој важен момент во текот на натпреварите кога станува збор за националната селекција, се бореа за секоја топка во репрезентативниот дрес со цел да се дојде до конечниот успех, Јовица Симовски:

„Пресреќен сум за моите другари и колеги!! Го добија тоа што го заслужија!! Напорно работеа, дадоа повеќе од својот максимум. Само среќа и убавини им посакувам. Ете нека биде и некој медал, па да историскиот успех биде комплетен".

Кога сме кај медалите, Македонија во рамките од Европската лига, трипати по ред доаѓаше до среброто, а еднаш беше бронзена.

Најново во Други спортови