ПОЗНАТИ ТЕРМИНИТЕ ЗА ФИНАЛНИОТ ТУРНИР ОД СРЕБРЕНАТА ЛИГА

Со Хрватите во вечерниот термин, од 20 часот

Претходно, во првиот полуфинален дуел, од 17 часот, ќе играат селекциите на Белорусија и на Летонија...

објавено: 8 јуни 2018 - 18:58

Хрватска е противникот кој стои на патот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија кон ново финале во Сребрената Европска лига, на Ф4 турнирот, кој на 15 и 16 јуни ќе се одржи во СРЦ „Кале" во Скопје.

Ждрепката во седиштето на ЦЕФ во Лозана одреди Македонија да ги измери силите со второпласираниот тим во групата „Б".
А ЦЕФ одлучи дека на патот до финалето, Македонија ќе игра против „коцкастите", во оној „вечерен термин", односно од 20. часот.
Претходно, во првиот полуфинален дуел, од 17 часот, ќе играат селекциите на Белорусија и на Летонија...
Избраниците на Љубомир Травица како организатори имаа обезбеден директен пласман на Ф4, додека Хрватска настапот го потврди со пет победи и еден пораз во својата група.

 

Најново во Други спортови