ПО ИСТОРИСКИОТ ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО 2019

„Спартанците“ ја чекаат ждрепката на 16 јануари

Одбојкарската репрезентација на 16 јануари во Брисел, ќе ги дознае противниците во групната фаза во континенталната премиера.

објавено: 11 јануари 2019 - 10:30

Најдобрите македонски одбојкари на 16 јануари, во Брисел, ќе ги дознаат противниците во групната фаза од Европското првенство 2019, кое за првпат ќе го организираат четири земји, Франција, Словенија, Белгија и Холандија и на кое премиерно ќе се појават 24 репрезентации.

Македонија дебито на континенталниот собир го осигура како една од петте најдобро второпласирани репрезентации во квалификациите.

„Спартанците“ ждрепката ќе ја чекаат од петтиот шешир заедно со Белорусија, Романија и Австрија кои не може да ни бидат противници во групната фаза.

Ждрепката ќе го одреди изгледот на четирите групи, во кои ќе се најдат по шест репрезентации, а домаќините на првенството ќе бидат носители на секоја од нив.

Првите четири екипи во групите понатаму вкрстуваат во елиминациите кои стартуваат со осминафинална фаза.

Европското првенство ќе се одржи од 12 до 29 септември.

Најново во Други спортови