ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ЕП ВО ПОЛСКА, ЦЕВ СО НОВА ЛИСТА

„Спартанците“ со историски ранкинг

Македонската одбојкарска репрезентација се најде на 20. место на најновата ранкинг листа на ЦЕВ. 

објавено: 6 септември 2017 - 11:35

Македонската одбојкарска репрезентација се најде на 20. место на најновата ранкинг листа на ЦЕВ. Оваа листа е направена по завршувањето на Европското првенство кое се одигра во Полска. Овој резултат е најдобар досега, од нашиот табор атак во првите 15 места во Европа.

„Македонската одбојкарска репрезентација со историското 20 место во Европа. Најдобар резултат на сите времиња. Следна цел е големо натпреварување и влез во првите 15 во Европа. Честитки до сите кои беа и се дел од нашиот тим“, пиша на „Фејсбук“ профилот капитенот на Никола Ѓорѓиев.

Македонската одбојкарска репрезентација трета година по ред беше поразена во финалето на Европската лига. Оваа сезона, Украина беше последната пречка која остана неосвојлива.

 

Најново во Други спортови