Во финалето на СП во Јапонија, Србија подобра од Италија

Србија е нов планетарен шампион во одбојка

објавено: 20 октомври 2018 - 15:11

Женската одбојкарска репрезнетација на Србија е нов светски шампион. Во финалето на СП во јапонија, во исцрпувачка битка која траеше 5 сета, Србинките славеа со 3:2 (21:25, 25:14, 23:25, 25:19 и 15:12) над селекцијата на Италија и со тоа успеа да стане нов планетарен првак.

Италија почна одлично освојувајќи го првиот сет, но имаше неверојатен пад во вториот сет кој им даде сила на новите планетарни шампионки да се вратат во ова финале и да дојдат до големиот трофеј. Откако и во следните два сета ситуацијата беше слична, се дојде до тај-бреј сетот во кој Србија се избори за победа од 15:12 и за светско злато.

Ова е историски резултат за Србија, која досега никогаш не успеала да освои злато на Мундијалите. Најголем успех досега беше бронзата од СП во 2006 година.

Најново во Други спортови