КОМПЛЕТИРАНА ФИНАЛНАТА „ЧЕТВОРКА" НА ОДБОЈКАРСКОТО ЕП

Србија преку Бугарија кон медалите

објавено: 1 септември 2017 - 11:00

Со максимални (3-0) српските одбојкари беа подобри од бугарските, и обезбедија пласман во полуфиналето. Таму се уште и Германија, Русија и на големо изненадување, Белгија...

Формирани се и двете полуфинални двојки на одбојкарското Европско првенство кое деновиве се одржува во неколку града во Полска.


Селекцијата на Србија стана последниот, четвртти учесник во борбата за медалите, откако во три сета беше подобра од селекцијата на Бугарија.
Во еден одличен меч, нашите источни соседи пропуштија голема шанса во третиот сет. Имаа неколку сет-топки да одат и во четврттиот. Но со две добри одбрани, „орлите", го добија и тој, и се пласираа понатаму.
Одат кон медалите избраниците на Никола Грбиќ, каде ги чека одличниот состав на Германија.
Во второто полуфинале пак во сабота навечер во Краков, ќе се сретнат селекциите на Русија (беше подобра од одличната Словенија), и Белгија која ја „исчисти" фаворизираната Италија со максимални (3-0).

Најново во Други спортови