ПОЛУФИНАЛЕ ОД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ЈАПОНИЈА

Србинките ќе се борат за светското злато

Одбојкарките на Србија ја совладаа Холандија со (3:1) во сетови, и за прв пат во својата историјата ќе играат во финалето на Светскиот шампионат

објавено: 19 октомври 2018 - 13:22

Во репризата на европското финале, уште еднаш славеа избраничките на селекторот Звездан Терзиќ, и така обезбедија најмалку сребрен медал, втор за нив во историјата на планетарните првенства по оној кој Србија го освои во 2006 година, исто така во Јапонија.

За златното медал, српските одбојкарки ќе се борат против подобриот од дуелот Кина-Италија, а последниот меч е закажан за сабота, од 12.20 часот по средноевропско време.
Нешто порано, од 10.40 часот е мечот за бронзениот медал.

Најново во Други спортови