СП во одбојка - мажи (Италија/Бугарија)

Србите двапати водеа, Американците славеа

Во Италија и Бугарија денеска почна комплетната прва фаза на светското првенство во одбојка во машка конкуренција. Првото големо дерби им припадна на САД.

објавено: 12 септември 2018 - 23:12

Светскиот шампион од 1986 година, одбојкарската репрезентација на САД го доби првото големо дерби на отворањето на групната фаза на светското првенство во Бугарија и Италија. Американците во извонредно возбудлив и квалитетен натпревар дојдоа до победа во пет сета над селекцијата на Србија, која двапати водеше, но на крајот не успеа да дојде до победа.

Бронзените од СП во 2010 година, под водство на Никола Грбиќ отворија за предност од 1:0 освојувајќи го првиот сет со убедливи 25:15, но Американците се вратија за израмнување во вториот сет со 25:14. Следуваше нов блесок на Србија и водство од 2:1 (25:21), па повторно добар сет за САД и израмнување на 2:2 (25:20). Во финалниот сет по раната предност од неколку поени, Американците успеаја да го привршат сетот во своја полза и со 15:10 да ги освојат првите два бода во групата, додека Србија се задоволи со еден.
Освен дуели кои ги одиграа домаќините Италија и Бугарија во неделата, денеска се одиграа сите преостанати средби од 1. Коло во четирите групи на првенството кое ќе трае се до 30 септември.

РЕЗУЛТАТИ – 1. КОЛО
ГРУПА „А"
Доминиканска Р. – Словенија 1-3
Белгија – Аргентина 3-1
Италија – Јапонија 3-0
ГРУПА „Б"
Франција – Кина 3-0
Холандија – Канада 0-3
Бразил – Египет 3-0
ГРУПА „Ц"
Камерун – Тунис 3-0
Австралија – Русија 0-3
САД – Србија 3-2
ГРУПА „Д"
Иран – Порторико 3-0
Куба – Полска 1-3
Бугарија – Финска 3-0

Најново во Други спортови