КОНЕЧНО ДОМАШНА ПОБЕДА ВО ФИНАЛНАТА СЕРИЈА

Струмица ја „сврте“ серијата во 2:1

Струмица денеска со 3:1 го победи Вардар во третиот меч во битката за титулата. Сега нив им треба само уште еден триумф за шампионскиот пехар

објавено: 6 мај 2018 - 19:12

Струмица – Вардар 3:1 е епилогот од денешниот, инаку трет меч, во финалната серија во одбојкарскиот шампионат. Ова беше и прва победа на некој домашен тим, па така сега Струмица поведе со 2:1 во финалната серија и и треба само уште еден триумф за да го подигне шампионскиот пехар. И тоа може да се случи веќе во вторник, во Скопје кај Вардар, кога се игра четвртиот меч од оваа финална серија.

Најново во Други спортови